24фудбал

Левандовски е разочаран

Иднината на Роберт Левандовски се уште е неизвесна, тој очајно посакува трансфер во Барселона, но Баерн Минхен засега игра тврдо, се уште нема прогрес во преговорите.

Германија

И по состанокот одржан во Мајорка, иднината на Роберт Левандовски е неизвесна. Ситуацијата никако да се помести од нула.

Полскиот фудбалер очајно посакува да се пресели во Барселона, но Баерн Минхен не сака да му излезе во пресрет и покрај сето тоа што го има дадено за клубот во изминатите години.

Неговиот соиграч од полската репрезентација, Томаш Хајто вели дека Левандовски е многу разочаран од целата ситуација.

„Тој е длабоко разочаран. Оливер Кан рече дека му пратиле понуда за обнова на договорот, но Роберт вели дека никогаш не добил. Тој е многу разочаран. Овие работи треба да се решат интерно, а не јавно. Ниту на Роберт, ниту на Баерн не им е потребен ваков театар“, вели полскиот фудбалер, Томаш Хајто.

Баерн Минхен знае дека во моментов не може да најде фудбалер кој би гарантирал толку голови како Левандовски, го договорија трансферот на Мане, но тој е друг тип на напаѓач.