24фудбал

Рајан Гигс се повелече од селекторската позиција во Велс на која ионака речиси две години веќе не е

Рајан Гигс и официјално веќе не е селектор на Велс откако се повлече од оваа функција пред судењето за домашно насилство кое е закажано во Манчестер на 8 август.

Останато

Во 2020 година неговата веќе поранешна девојка Кејт Грејвил го обвини гигс дека ја тепал неа и нејзината помала сестра Ема Грејвил.

Поради ова Гигс се повлече од селекторската позиција во ноември 2020 година, а селекцијата ја водеше неговиот помошник Роберт Пејџ кој успеа за првпат да ги однесе на Светско првенство.

Гигс на хартија фигурираше дека е селектор иако не ја извршуваше функцијата. Сега конечно се повлекува и официјално и покрај тоа што се произнесе како невин по сите обвиненија.

Роберт Пејџ ќе го води Велс на Светското првенство во Катар.

„Ми беше чест и привилегија да ја водам мојата земја, но фер кон Фудбалската федерација на Велс, кон стручниот штаб и фудбалерите е да се подготвуваат за Светското првенство без шпекулации за мојата ситуација и позиција како селектор“, изјави Гигс.