24фудбал

Ридигер: Барселона ми се јави, но јас сакав само трансфер во Реал Мадрид

Антонио Ридигер откри дека Барселона пројавила интерес за неговите услуги, но тој сакал само преселба во Реал Мадрид.

Шпанија

Реал Мадрид попладнево го промовираше Антонио Ридигер како ново засилување, дефанзивецот пристигнува беспари откако му заврши договорот со Челси.

Интерес за неговите услуги пројавија неколку клубови, Барселона стапила во контакт со Германецот, но тој не сакал да слушне за преселба на Камп Ноу.

„Да, Барселона беше заинтересирана, ми се јавија, но му кажав на мојот брат (кој е и негов агент) дека сакам само трансфер во Реал Мадрид“ – рече Антонио Ридигер на средбата со медиумите.

„Во септември 2021 го имав првиот контакт со Реал Мадрид, разговараа со мојот агент. Вторит пат беше во април, лично јас разговарав со Анчелоти. Тоа беше клучен момент, тогаш одлучив декса сакам да играм во Реал Мадрид“.