24фудбал

Барса чека Баерн да го промовира Мане па да понуди 50 милиони евра за Левандовски

Од Германија пристигнува информација дека Барселона на маса ќе стави 50 милиони евра за ангажман на Роберт Левандовски, „каталонците“ се надеваат дека оваа сума ќе биде доволна за трансфер.

Шпанија

Барселона чека Баерн Минхен да го промовира Садио Мане како ново засилување па да тргне во офанзива по потписот на Роберт Левандовски.

Новинарите Мано Бонке и Филип Кеслер пренесуваат дека „каталонците“ на маса ќе стават 50 милиони евра и се надеваат дека оваа сума ќе биде доволна за трансфер.

Според пишувањата на Спорт, предлогот најверојатно ќе биде од 40 милиони како фиксен дел и 10 милиони евра во бонуси.

Баерн Минхен веќе одби една понуда од 32+5 милиони евра.