24фудбал

Директорот на Манчестер јунајтед им признал на навивачите: Изгоревме 1 милијарда на погрешни трансфери

Генералниот извршен директор на Манчестер јунајтед, Ричард Арнолд се сретнал со група незадоволни навивачи во локален паб откако дознал дека сакат да му протестираат пред домот, и отворено разговарал на неколку теми.

Англија

Ричард Арнолд во февруари беше именуван за нов генерален извршен директор на „ѓаволите“ и го наследи Ед Вудворд. Тој сега е во фокусот на јавноста откако синоќа имал средба со група на незадоволни навивачи.

Како што пренесуваат медиумите, Ричард Арнолд дознал дека се подготвува протест пред неговиот дом, па решил да седне со навивачите во локален паб, да ги почасти пиво и отворено да разговара на неколку теми.

Тој признал дека трансфер политиката изминативе години била лоша, а минатата сезона во која не беше изборен топ 4 пласман ја опишал како „еб*н кошмар“.

„Потрошивме 1 милијарда фунти на играчи, повеќе од било кој во Европа. Воопшто не сум задоволен од позицијата во која се наоѓаме. Бараме решение за иднината бидејќи изгоревме многу пари“ – вели Ричард Арнолд, кој тајно бил сниман од еден од присутните.

„Минатата сезона беше „еб*н кошмар“. Имаше омраза на секој натпревар. Фрливме многу пари во ветер“.

Тој исто така ги осигурал навивачите дека тренерот Ерик тен Хаг и директорот за фудбал Џон Муртог имаат пари на располагање за засилувања.