24фудбал

Нкетиа потпиша нов договор со Арсенал и доби легендарен број

Еди Нкетиа реши да остане во Арсенал, неговиот договор истекуваше по крајот на овој месец, но 22-годишниот фудбалер бил убеден од Артета да продолжи на Емирати, го промени и бројот на дресот, сега ќе носи број 14 кој го носеше Тјери Анри.

Англија

Еди Нкетиа потпиша нов долгогодишен договор со Арсенал и го доби легендарниот број на дрес 14 кој го носеше Тјери Анри.

Нкетиа имаше одличен финиш на сезоната, а со оглед на тоа што му истекуваше договорот беше мета на неколку клубови како Кристал Палас и Борусија Менхенгладбах. Сепак Артета го убедил да остане.

„Среќен сум што Еди останува со нас. Тој го претставува тоа што сме ние, сите вредности на клубот. Среќни сме што го продолжи договорот и што ќе можеме да продолжиме да го развиваме тој голем талент и личност која ги има во него“, вели Артета.

Нкетиа ќе ја има честа да го носи дресот со број 14 кој е најважен во историјата на Арсенал. Тоа беше бројката на Тјери Анри која подоцна ја носеа Тео Волкот и Пјер Емерик Обамејанг.