24фудбал

Македонија Ѓорче Петров го промовираше и третото засилување, Ѓорѓиески е нов лав

Александар Ѓорѓиески е ново засилување на Македонија Ѓорче Петров, трето во летниот преоден рок.

Македонија

По Христијан Пецов и Бојан Илиевски, Македонија Ѓорче Петров денеска го промовираше и Александар Ѓорѓиески за нов фудбалер.

Станува збор за фудбалер кој најчесто игра на позицијата дефанзивен играч за врска, во минатата сезона го носеше дресот на Борец.

Македонија ЃП летово го напуштија Јован Попзлатанов, кој од денеска и официјално е дел од Вардар, каде играше од 2018 до 2020 година, како и Христијан Коцев, Трим Амбари и Љавдрим Фазлиу со кои не беше продолжена соработката, додека Кристијан Филиповски на 25 години реши да ја заврши фудбалската кариера.