24фудбал

Ливерпул му даде попуст на Баерн, Мане се сели во Минхен

Голем број на извори пренесуваат дека Ливерпул и Баерн Минхен се подале рака за трансфер на Садио Мане вреден околу 41 милион евра

Англија

По одбиени две понуди, Ливерпул му даде попуст на Баерн и падна договор за преселба на Садио Мане во Минхен.

Голем број на извори пренесуваат дека на денешниот состанок, двата клуба проналше компромис и си подале рака за зделка вредна 41 милиони евра (Ливерпул во прв момент бараше 50 милиони евра).

„Црвените“ ќе добијат гарантирани 32 милиони евра, додатни 6 милиони евра во бонуси се поврзани со бројот на настани на Садио Мане а додатни 3 милиони евра во бонуси се поврзани со индивидуалните постигнувања на напаѓачот.