24фудбал

Лапорта доби дозвола да продава имот за да ја спаси Барса и откри: Добивме понуда од 1 милијарда евра!

Жоан Лапорта синоќа доби дозвола да продаде дел од имотот со цел да се приберат неколку стотици милиони евра за излегување од финансиската криза, првиот човек на Барса откри дека добиле понуда од 1 милијарда евра за 100% од ТВ правата, но го одбиле овој предлог.

Шпанија

Синоќа беше одржано генерално собрание на кое Жоан Лапорта побара дозвола да продаде до 49,9% од компанијата „Барса Лајсенсинг & Мерчендајзинг" (БЛМ), како и до 25% од аудио-визуелните права во Ла Лига.

Делегатите дадоа зелено светло, па претседателот на Барселона и неговите соработници сега ќе треба да ги финишираат преговорите кои траат подолго време.

Очекувањата се дека ќе добијат помеѓу 200 и 300 милиони евра за 49,9% од БЛМ како и најмалку 200 милиони евра за секои 10% од ТВ правата на 25 години.

Жоан Лапорта исто така откри дека добиле понуда од 1 милијарда евра за ТВ првата, но се работелео за 100% од ТВ правата во следните 10 години, па го одбиле овој предлог.