24фудбал

Причината поради која Левандовски никогаш не заигра во Премиерлигата

Поранешниот агент на Роберт Левандовски, Чезари Кучарски објасни зошто напаѓачот никогаш досега не играл во Премиерлигата.

Германија

Се очекува Левандовски ова лето да потпише за Барселона, таму ќе добие тригодишен договор, па можно е тоа да биде и неговиот последен клуб во кариерата.

Неговиот поранешен агент, Чезари Кучарски објасни зошто Лева никогаш не сакал да игра во Англија, има две причини за тоа.

„Зошто не во Англија? Секогаш слушав како Левандовски вели дека не сакал да оди таму бидејќи често врне. Тоа ми го велеше мене“, открива агентот.

„Но, мислам дека вистинската причина беше тоа што мислеше дека во Англија не може да биде ефективен како во Германија. Роберт се плашеше од тоа“.