24фудбал

Чави му искоментира на Алвеш на објавата на инстаграм дека заминува од Барселона (ФОТО)

Дани Алвеш синоќа објави дека заминува од Барселона и со соопштение на социјалните мрежи се збогува од навивачите и се заблагодари на сите во клубот.

Шпанија

Иако тој сакаше да остане, Барселона реши да не му го продолжи договорот без разлика што тој игра за минимални примања.

Алвеш преку соопштение се збогуваше со Барселона, а коментар на инстаграм доби и од Чави.

„Пример во секоја смисла на зборот. Ти благодарам за се пријателе!“, му напиша Чави.

И покрја тоа што има 39 години, Дани Алвеш нема да се пензионира, ќе ја продолжи кариерата во друг клуб бидејќи сака да игра на Светското првенство во Катар и да биде во натпреварувачка форма за Мундијалот.