24фудбал

Поранешен капитен на Русија ја осуди војната: Поради овие зборови може ќе ме убијат или уапсат, но...

Поранешниот капитен на руската фудбалска репрезентација, Игор Денисов ја осуди војната во Украина.

Останато

Тој смета дека војната која ја води неговата земја во Украина треба да прекине, таа е хорор.

„Ова е хорор. Не знам, поради овие зборови може ќе ме убијат или уаспат, но морам да го кажам моето мислење“, вели Денисов.

Тој откри и дека му испратил писмо на претседателот Владимир Путин во кое бара да запре војната.