24фудбал

Чуамени меѓу редови го пецна Мбапе: Кога си амбициозен и гладен за титули, го одбираш Реал Мадрид!

Орелиен Чуамени го објасни својот избор да го облече белиот дрес, вели дека секој кој има амбиција, глад да освојува титули и да биде помеѓу најдобрите, мора да пристигне во Реал Мадрид.

Шпанија

Орелиен Чуамени имаше можност да се пресели во ПСЖ, „светците“ на Монакo му нудеа повеќе пари, но фудбалерот го одбра Реал Мадрид.

Младиот Французин сега ја објасни својата одлука и меѓу редови го пецна Килијан Мбапе, кој се најавуваше како нов „галактико“, но на крајот реши да продолжи со ПСЖ.

„Среќен сум што приситгнав во Реал, ми се оствари сонот. Кога сте амбициозен, гладен за титули и сакате да бидете помеѓу најдобрите, морате да го одберете Реал Мадрид. Ова е најдобриот клуб во светот, каде играат најдобрите“ – вели младиот фудбалер од средниот ред.