24фудбал

Мане се договорил со Баерн Минхен

Садио Мане е се поблиску до трансфер во Баерн Минхен, тој постигнал согласност за личните услови со германскиот клуб.

Германија

Мане постигнал вербален договор со Баерн Минхен за личните услови. Тој ќе потпише тригодишен договор доколку Баварците се договорат со Ливерпул.

Информациите велат дека во завршна фаза се и преговорите меѓу Баерн Минхен и Ливерпул. Па трансферот на Мане е пред реализација.

Ливерпул не сакаше да го продаде Мане без да најде негова замена, сега откако потпишаа со Дарвин Нуњез, преговорите одат полесно.