24фудбал

Потегот на Модриќ кој ги налути навивачите на Реал Мадрид (ВИДЕО)

Еден детаљ од синоќешниот натпревар помеѓу Франција и Хрватска не им се допадна на навивачите на Реал Мадрид, Лука Модриќ му побара дрес на Килијан Мбапе и тоа на полувремето.

Останато

Килијан Мбапе требаше да биде новиот херој на навивачите на Реал Мадрид, многумина го видоа во белиот дрес, но Французинот на крајот реши да ги одбие „кралевите“ и да ја продолжи соработката со ПСЖ.

Па тој стана омразен лик, има и такви кои сметаат дека Реал Мадрид веќе никогаш не треба да се обиде да го ангажира Килијан Мбапе.

Верните навивачи на Реал Мадрид сега се разочарани и од еден потег на нивната икона Лука Модриќ на синоќешниот натпревар помеѓу Франција и Хрватска. На крајот од првото полувреме, двајцата во прегратка се упатија кон тунелот и Лука Модриќ го побара дресот на Килијан Мбапе.

Ова не помина добро кај „мадридистите“ кои на социјалните мрежи го искажаа своето незадоволство и сметаат дека ако веќе се разменувале дресови, Килијан Мбапе е тој што трбеа да го побара дресот од Лука Модриќ.