24фудбал

ФИФА не го исфрли Еквадор, замре надежта на Чиле за учество на СП 2022

Светската куќа на фудбалот, ФИФА не ја прифати жалбата на Чиле за случајот со фудбалерот на Еквадор, Бајрон Давид Кастиљо Сегура.

Јужна Америка

Чиле се жалеше дека Бајрон е нелегално натуализиран и ја нема потребната документација да игра за Еквадор. Тие бараа од ФИФА да ја суспендира оваа репрезентација.

Чиле се надеваше дека со таква одлука тие ќе одат на Мундијалот во Катар наместо Еквадор, но ФИФА ја одби жалбата.

ФИФА не пронајде никакви докази дека фудбалерот не смее да игра за Еквадор.