24фудбал

Мурињо сака да го донесе Бејл во Рома, Велшанецот вели: Едно е сигурно, нема да се преселам во Хетафе

Герет Бејл вели дека ќе донесе одлука за својата иднина по летниот одмор, Велшанецот додава дека во моментов сигурно е само тоа дека нема да се пресели во Хетафе.

Останато

Герет Бејл е слободен играч откако Реал не му понуди нов договор и оваа недела се појавија информации за изненадувачки трансфер. Малиот клуб од Мадрид, Хетафе откри дека им била понудена можноста да го ангажираат Велшанецот.

Денеска пак се појавија информации дека Жозе Мурињо сака да го донесе Герет Бејл во Рома.

Самиот играч попладнево порача дека ќе донесе одлука за својата иднина по летниот одмор и додаде дека во моментов сигурно е само тоа дека нема да се пресели во Хетафе.

„Каде и да завршам ќе биде вин-вин ситуација. По крајот на обврските со Велс ќе заминам на одмор и потоа ќе одлучам за мојата иднина“ - вели Герет Бејл.

Запрашан дали е блиску до некој клуб, тој додаде: „Не. Но нема да се преселам во Хетафе, тоа е сигурно“.