24фудбал

Јувентус голем губитник од преселбата на Зидан во ПСЖ?!

Преселбата на Зинедин Зидан во ПСЖ може да придонесе Јувентус да остане без големо засилување, се шпекулира дека Пол Погба ќе му се придружи на својот сонародник во Париз.

Франција

Се поголем број на медиуми пренесуваат дека Зинедин Зидан ќе биде нов тренер на ПСЖ, одредени извори пишуваат дека начелно е постигнат договор помеѓу двете страни.

Ваквиот развој на настаните може да влијае и врз Јувентус, кој подолго време е во преговори со Пол Погба и се веруваше дека Французинот е пред враќање во Торино.

Но како што сега пренесува Радио Монте Карло, Пол Погба чека Зинедин Зидан официјано да биде потврден за нов тренер на ПСЖ и тој да почне преговори со шампионот на Франција.

„РМЦ“ додава дека Зинедин Зидан го обожава Пол Погба и се обидел да го ангажира својот сонародник во времето кога беше тренер на Реал Мадрид.