24фудбал

Новинарот кој го откри трансферот на Меси во ПСЖ тврди, Зидан ќе биде нов тренер на францускиот тим

Се чини дека сопствениците на ПСЖ сепак успеаа да го убедат Зинедин Зидан да го преземе кормилото на клубот, во текот на наредните денови треба и официјално да биде потврден.

Франција

Новинарот Даниел Риоло кој прв дозна за трансферот на Меси во ПСЖ, сега тврди дека Зинедин Зидан ќе биде наследникот на Покетино.

Пред извесно време се тврдеше дека Зидан ја одбива работата во ПСЖ затоа што сака да биде селектор на Франција, но работите наводно се промениле.

ПСЖ очајно посакува триумф во Лигата на шампионите, па тие сметаат дека нема подобро решение од Зидан кој со Реал Мадрид трипати доаѓаше до тој трофеј.

Дали новинарот Даниел Риоло и овојпат ја има вистинската информација, ќе дознаеме во наредните денови.