24фудбал

Шалке нема да го откупи Чурлинов, бара нов заем од Штутгарт

Според германскиот весник „Кикер“, Шалке 04 нема да ја плати сумата од три милиони евра за да го откупи Дарко Чурлинов од Штутгарт, но преговара за нова позајмица на Македонецот.

Германија

Чурлинов има договор со Штутгарт до 2024 година, тие се подготвени да го продадат за три милиони евра, но за Шалке тоа е голема сума.

Според германските медиуми, Шалке го бара Чурлинов повторно на позајмица. Нејасно е дали во оваа позајмица би имало опција и за целосен откуп.

Македонецот минатата сезона даде два гола и имаше четири асистенции во Шалке, тој беше среќен во клубот, се приврза и со навивачите и јавно кажа дека сака да остане.