24фудбал

Неверојатно, Србија се пласира на Европско првенство само поради помалку жолти картони!

Фудбалската репрезентација на Србија до 19 години избори пласман на Европско првенство на неверојатен начин, тие се пред Украина само затоа што имаат помалку жолти картони во квалификациите.

Останато

Србија У19 водеше со 3-0 против Норвешка и се чинеше дека нема да имаат посериозни компликации за пласман на првенството, но до крајот Норвежаните дадоа два гола и Србите победија со 3-2. Во исто време Украина со гол во 90. минута направи пресврт против Холандија и победи со 2-1 со што бодовно се изедначи со Србија.

Србија и Украина имаа ист број на бодови, имаа иста гол разлика и ист меѓусебен дуел. Следно кое требаше да одлучува беа жолтите картони, Србите имаа добиено помалку жолти картони 11, за разлика од Украинците кои имаа добиено 13, па поради тоа се пласираа на Европското првенство до 19 години кое ќе се одржи во Словачка.