24фудбал

Англија со гол во финишот се спаси од пораз против Германија, победа за Италија (ВИДЕО)

Германија и Англија одиграа нерешено 1-1, Англичаните благодарение на гол од пенал на Хари Кејн во финишот дојдоа до реми, Италија со 2-1 ја совлада Унгарија.

Останато

Во дербито на денот во Лигата на нации, Германија и Англија ги поделија бодовите откако одиграа нерешено 1-1.

Германија беше подобра во поголемиот дел од натпреварот, а поведоа со 1-0 во 50. минута со гол на Хофман.

Како се доближуваше крајот на мечот, Англичаните почнаа да играат подобро, тоа резултираше со создавање на неколку шанси пред да добијат пенал во 88. минута кој го реализираше Хари Кејн за израмнување на 1-1.

Италија со 2-1 ја совлада Унгарија и ја забележа првата победа оваа сезона во Лигата на нации.

Италијаните поведоа во 30. минута со прекрасен гол на Барела, а пред крајот на првиот дел гол даде и Пелегрини за 2-0.

По 15 минути игра во вториот дел, Манчини си постигна автогол за конечни 2-1.

Во Лига Б, Финска со 2-0 ја победи Црна Гора, а Босна и Херцеговина со 1-0 славеше над Романија.

Во Лига Ц, Луксембург со 1-0 победи на гостувањето кај Фарки Острови, а Турција со убедливи 6-0 ја понижи Литванија на нејзин терен.