24фудбал

ПСЖ нудел повеќе од Реал Мадрид за Чуамени, но...

Реал Мадрид и Монако постигнаа договор, Чуамени потпишува за кралскиот клуб, а голем интерес за францускиот фудбалер имало и од ПСЖ, но тие извисиле.

Франција

Покрај Реал Мадрид, интерес за Чуамени имаше и од Ливерпул и ПСЖ.

Реал Мадрид не го купува евтино 22-годишниот фудбалер, ќе платат околу 100 милиони евра за неговите услуги.

А информациите велат дека ПСЖ бил подготвен да плати повеќе од Реал Мадрид за да го добие Чуамени, но младиот фудбалер имал само една желба, да заигра за Реал Мадрид.

Тој му порачал на Монако дека ја прифаќа само понудата од Реал Мадрид, без разлика каква е финансиската понуда од ПСЖ.

Оваа победа на трансфер пазарот може да биде сатисфакција за Реал Мадрид поради изгубената битка за Мбапе.