24фудбал

Баерн се плаши дека Левандовски ќе го искористи членот 17 на ФИФА, па ја одреди цената на напаѓачот

Според пишувањата на Билд, раководството на Баерн Минхен го омекнува ставот кога е во прашње иднината на Роберт Левандовски и бара 40 милиони евра за да се раздели со голгетерот.

Германија

Директорите на Баерн Минхен во неколку наврати јавно порачаа дека нема да му дозволат на Роберт Левандовски да замине и напаѓачот ќе мора да ја одработи последната година од договорот.

Но како што пренесува Билд, раководството на „баварците“ го омекнува ставот. Тие стравуваат дека Полјакот може да го активира фамозниот член 17 на ФИФА и да издејствува заминување по поволни услови.

Па затоа ја одредиле цената и бараат 40 милиони евра за продажба на Роберт Левандовски.

Барселона е подготвена да плати 30 милиони евра плус бонуси, па двата клуба веројатно ќе најдат компромис. Но „каталонците“ во моментов немаат пари и ќе треба да се почека до 16. јуни, кога ќе се одлучува за продажба на дел од имотот.