24фудбал

Мбапе прешкртал 14 имиња во ПСЖ

ПСЖ ќе слуша што има да каже Килијан Мбапе кога ќе крои тимот за следната сезона и се шпекулира дека напаѓачот прешкртал дури 14 имиња.

Франција

„Светците“ успеаја да го убедат Килијан Мбапе да не се пресели во Реал Мадрид и да ја продолжи авантурата во Париз. За да го убеди да остане, покрај огромната плата и бонуси, ПСЖ му даде на Французинот да биде главен на проектот и да има влијание на одлуките во тимот.

Спортскиот директор Леонардо беше првата жртва, а последните информации велат дека Килијан Мбапе прешкртал дури 14 имиња.

На листата за отстрел прв е тренерот Маурисио Покетено а потоа следуваат фудбалери како Нејмар, Икарди, Дракслер, Паредес, Ерера, Геј, Курзава, Керер, Переира, Бернат, Дагба, Сарабија и Рико.