24фудбал

11 години по ред има хрватски фудбалер во финалето од Лигата на шампионите

Хрватите можат да се пофалат дека во последните 11 години во секое финале од Лигата на шампионите имаат и нивни претставник во името на некој фудбалер.

Лига на Шампиони

По европската круна на Црвена звезда, клубовите од поранешна Југославија не можат да се пофалат со некои забележителни резултати во Лигата на шампионите.

Па во отсуство на некој посериозен клупски успех, се вадат други утешни статистика. Хрватите можат да се пофалат со една таква, 11 години по ред имаат фудбалери во финалињата од Лигата на шампионите, најмалку еден, а понекогаш и тројца.

Хрвати во финалињата од ЛШ:

2012 - Ивица Олиќ (Баерн Минхен)

2013 - Марио Манџукиќ (Баерн Минхен)

2014 - Лука Модриќ (Реал Мадрид)

2015 - Иван Ракитиќ (Барселона)

2016 - Лука Модриќ, Матео Ковачиќ (Реал Мадрид)

2017 - Лука Модриќ, Матео Ковачиќ (Реал Мадрид), Марио Манџукиќ (Јувентус)

2018 - Лука Модриќ, Матео Ковачиќ (Реал Мадрид), Дејан Ловрен (Ливерпул)

2019 - Дејан Ловрен (Ливерпул)

2020 - Иван Перишиќ (Баерн Минхен)

2021 - Матео Ковачиќ (Челси)

2022 - Лука Модриќ (Реал Мадрид)