24фудбал

Куртоа: Сакав Англичаните да покажат малку повеќе почит кон мене!

Тибо Куртоа имаше маестрална партија, најдобрата од еден голман во финале на Лига на шампиони, Белгискиот голман беше прогласен за играч на натпреварот.

Лига на Шампиони

По мечот Куртоа потсети и на неговото време поминато во Англија кога беше голман на Челси. Во Премиерлигата не ја доби почитта која ја заслужува, па ова за него беше и некој вид на одмазда кон англиската јавност.

„Кога бев во Англија, не добивав доволно почит... па, добро, денеска го покажав мојот квалитет. Сакав тие да покажат малку повеќе почит кон моето име“, изјави Куртоа по натпреварот.