24фудбал

Премиерлигата даде зелено светло за продажба на Челси

Премиерлигата попладнево соопшти дека дале зелено светло за продажба на Челси на конзорциумот предводен од Тод Боли во зделка вредна околу 4,25 милијарди фунти.

Англија

Премиерлигата ја одобри зделката со која конзорциумот на Тод Боли треба да го купи Челси за 4,25 милијарди фунти.

Сите инволвирани го поминале тестот на директори и сопственици, па бордот на Премиерлигата дал зелено светло за промена на сопственоста.

Сега останува уште владата на Велика Британија да издаде лиценца за продажба и да се заврши процедурата. Се верува дека се пеглаат последните детали, властите бараат гаранции за долгот од 1,5 милијарди фунти кој Челси го има кон Роман Абрамович, како и ветувањето на Русинот дека профитот од продажбата ќе биде дониран на жртвите од војната во Украина.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.