24фудбал

Ал-Келаифи: Тебас се плаши дека француската ќе стане посилна лига од шпанската

Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи му одговори на претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас кој покрена жалба до УЕФА, Франција и ЕУ за расфрлањето со пари на францускиот клуб.

Франција

И покрај тоа што е во дебел минус, ПСЖ му понуди големо богатство на Килијан Мбапе за да го задржи. На тоа реагираше првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас кој смета дека францускиот клуб го прекршува финансискиот фер-плеј.

На денешната прес-конференција, Насер Ал-Келаифи одговори и на тоа прашање.

„Тоа го гледам како позитивно за нашиот клуб. Имам голема почит за Ла Лига, но и ние заслужуваме почит. Ние го имаме најдобриот фудбалер во светот и тоа е најважно. Работите кои ги кажа Тебас не се мој проблем. Тебас е исплашен дека Лига 1 ќе ја надмине Ла Лига. Ла Лига веќе не е тоа што беше“, вели Насер Ал Келаифи.

„Мбапе е најдобриот фудбалер во светот. Ние си рековме дека мораме да го задржиме. Ние инвестираме во фудбалери за да освојуваме. Тој е неверојатен и како човек и како фудбалер, тој е слика на Франција. Ова е одлична одлука и за Франција. Го задржавме најдобриот фудбалер во нашето првенство. Сите треба да бидете среќни поради тоа, тоа е многу позитивно за Франција“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.