24фудбал

Кого Реал Мадрид ќе купи сега откако беше изигран од Мбапе?

Медиумите полека почнуваат да шпекулираат кој е планот Б на Реал Мадрид откако „кралевите“ останаа без потписот на Килијан Мбапе.

Шпанија

Флорентино Перез и Реал Мадриц целиот фокус го имаа насочено кон Килијан Мбапе, поради Французинот не загризаа сериозно за Ерлинг Халанд, кој на крајот се пресели во Манчестер Сити.

Но „кралевите“ сега ќе треба да ги менуваат трансфер плановите откако Килијан Мбапе се предомисли и реши да стави потпис на нов договор со ПСЖ.

Медиумите полека почнуваат да шпекулираат со планот Б на Реал Мадрид и да го поврзат шампионот на Шпанија со неколку имиња.

Како можни засилувања се посочуваат Мохамед Салах, Садио Мане, Рафаел Леао, Дарвин Нуњез па и Роберт Левандовски, кој е цел број 1 на Барселона.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.