24фудбал

Виљареал ја победи Барса на Камп Ноу и го фати последниот воз за Европа

Виљареал со 2-0 ја победи Барселона на Камп Ноу и во последното коло избори место во Европа, следната сезона ќе игра во Конференциската лига.

Шпанија

Виљареал имаше одлична сезона во Лигата на шампионите каде стигна до полуфиналето, но резултатите во Ла Лига беа лоши. Сепак на крајот некако успеаа да стигнат до седмото место кое ги носи во Конференциската лига.

Со голови на Педраза во првото и Гомез во второто полувреме победија на гостувањето кај Барселона и обезбедија место во Европа.

Конкурент за оваа позиција им беше Атлетик Билбао, но тие загубија од Севиља со 1-0. 

Атлетико Мадрид ја задржа третата позиција на табелата откако со 2-1 победи на гостувањето кај Реал Сосиедад.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.