24фудбал

Дали го најави следниот клуб? Дибала купил апартман во близина на канцелариите на Интер

Како што пренесува Калчомеркато, Пауло Дибала купил дом во Милано, апартманот се наоѓа во близина на канцелариите на Интер.

Англија

Пауло Дибала заминува од Јувентус откако клубот реши да не му понуди нов договор. Интересот за услугите на Аргентинецот е голем, а се шпекулира дека Интер е прв фаворит за потписот на напаѓачот.

Според пишувањата на Калчомеркато, Пауло Дибала купил дом во Милано, апартманот се наоѓа во близина на канцелариите на „нероаѕурите“.

Секако, ова не значи дека напаѓачот дефинитивно се сели во Интер, но е потврда дека на Пауло Дибала му се допаѓа градот Милано и нема ништо против да живее таму.

Генералниот извршен директор на Интер, Бепеп Марота со месеци преговара со агентите на Аргентинецот и се очекува во следниот период да достави и конкретен предлог.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.