24фудбал

Тен Хаг на пријателите им открил што ќе прави со Роналдо

Според пишувањата на Мирор, Ерик тен Хаг на блиските пријатели им открил дека сака да соработува со Кристијано Роналдо и не може да ја игнорира статистиката на ЦР7.

Англија

Ерик тен Хаг предвреме ќе ја прекине соработката со Ајакс и уште утре ќе пристигне во Манчестер за да почне да се подготвува за новата сезона.

Холанѓанецот има полни раце работа, а една од одлуките кои ќе ги носи е иднината на Кристијано Роналдо.

Изминатиов период често се пишуваше дека Португалецот не се вклопува во плановите на Тен Хаг и ќе треба да го напушти Олд Трафорд.

Но како што пренесува Мирор, стратегот на блиски пријатели им открил дека сака да соработува со Кристијано Роналдо. Тен Хаг смета дека не може да се игнорира статистиката на ЦР7, па сака напаѓачот да остане и да ја одработи последната година од договорот.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.