24фудбал

Интер има само една комбинација да стане шампион, сè друго му одговара на Милан

Интер не дозволи Милан вечерва да се радува на шампионската титула, па кој од миланските ривали ќе го крене Скудетото, ќе дознаеме во последното коло.

Италија

Големите градски ривали, Милан и Интер до последното коло водат битка за Скудетото, росонерите се во подобра позиција, тие се први со 83 бода, нероазурите имаат 81.

Во последното коло Милан му гостува на Сасуоло, а Интер ја пречекува Сампдорија.

Интер за да го освои Скудетото мора да ја победи Сампдорија, а Милан да загуби од Сасуоло, секое друго сценарио им ја носи титулата на миланезите.

Нив им е доволен и еден бод од гостувањето кај Сасуоло бидејќи и со ист број на бодови со Интер би биле први поради подобриот меѓусебен дуел.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.