24фудбал

Адеми и Ристовски се шампиони на Хрватска

Динамо Загреб со 2-0 победи на гостувањето кај Шибеник и ја завери шампионската титула во хрватското првенство.

Останато

На едно коло до крајот на сезоната, Аријан Адеми и Стефан Ристовски се радуваат на титулата во Хрватска, Динамо Загреб повторно е шампион.

Адеми и Ристовски го одиграа целиот натпревар, по денешната победа од 2-0 над Шибеник, Динамо Загреб има четири бода повеќе од вечниот ривал Хајдук.

Во последното коло Динамо Загреб на свој терен го пречекува токму Хајдук, а по тој меч ќе се случува и официјалната прослава на титулата.