24фудбал

Тотнем со сомнителен пенал го сруши бункерот на Барнли и влезе во топ 4! (ВИДЕО)

Тонем стигна до местата кои водат во Лигата на шампиони откако попладнево со 1-0 го совлада Барнли, Хари Кејн од белата точка го постигна единствениот гол на натпреварот.

Англија

По триумфот над Арсенал во дербито на Северен Лондон, Тотнем го совлада и Барнли и барем еден ден ќе преседи во топ 4 на табелата.

„Спарси“ до победа стигнаа со сомнителен пенал досуден длабоко во судиското надополнување откако ВАР го повика судијата да провери дали играњето со рака во шеснаесетникот на гостите е за најстрога казна.

Кевин Френд покажа на белата точка а Хари Кејн во осмата минута од судиското надполнување ја затресе мрежата за 1-0.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.