24фудбал

Евертон одбил да го купи Халанд, не еднаш, туку два пати!

Евертон во два наврати одбил да го купи Ерлинг Халанд, првиот пат кога напаѓачот имал 15 години и биле потребни само 60.000 фунти.

Англија

Ерлинг Халанд оваа недела го одбра Манчестер Сити како следна дестинација во карирата, „граѓаните“ ќе платат околу 60 милиони евра за услугите на Норвежанецот.

Напаѓачот блесна на сцената со одличните партии во РБ Салцбург а потоа и во Борусија Дортмунд, но неговата кариера можела да има сосема понаков тек.

Во 2016, Брајан Кинг, кој работел како скаут на Евертон задолжен за Скандинавија, на „карамелите“ им го препорачал 15 годишниот Ерлинг Халанд, но клубот од Гудисон го одбил играчот, сметајќи дека нема да биде толку доминантен кога ќе порасне.

„Можевме да го донесема за само 60.000 фунти тренинг компензација“ – раскажува Кинг во разговор со Тајмс. „Но луѓето задолжени за ангажман на играчи сметаа дека тој е доминантен бидејќи е многу голем за својата возраст, па кога ќе порасне и другите фудбалери ќе бидат поголеми, нема да биде толку моќен на теренот“.

„Секако, овие прогнози се покажаа како погрешни, сите гледаме во каков играч израсна“.

И покрај тоа што во прв момент одбиле да го ангажираат Ерлинг Халанд, Евертон продолжил да го следи напаѓачот.

Неколку годицни подоцна, директорот за фудбал Стив Волш договорил трансфер на Ерлинг Халанд вреден 3,4 милиони фунти (околу 4 милиони евра) но сопственикот на Евертон не дал зелено светло за зделката.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.