24фудбал

Рома имаше 46 шута, четири пати ја погоди пречката, но не ја победи Венеција (ВИДЕО)

Рома одигра само 1-1 против испаднатата Венеција и ја продолжи низата без победа во Серија А, тимот на Мурињо доминираше во текот на целиот меч, но гостите се одбранија.

Италија

Студен туш на Олимпико се случи по 40 секунди игра кога Окереке постигна гол за водство на Венеција од 1-0.

Во 32. минута гостите останаа и со фудбалер помалку откако Кине заработи директен црвен картон по намерен удар врз Пелегрини.

Рома имаше еден час играч повеќе за да го сврти мечот, но не успеа. Дојде само до бод благодарение на гол на Шомуродов во 76. минута.

Рома на овој натпревар имаше дури 46 шута кон голот на Венеција, четири пати ја погодија пречката, и вистинско чудо е што не ги освоија трите бода.

Рома остана на шестото место, но може да биде престигната од Фиорентина и Аталанта кои имаат по бод помалку.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.