24фудбал

Гачевски: Во Кратово денеска умре македонскиот фудбал

Голманот на Вардар, Филип Гачевски е разочаран од исходот на мечот во Кратово меѓу Силекс и Воска кој заврши 1-1, резултат кој ги остави црвено-црните во втората лига.

Македонија

Вардар го победи Кораб, но Воска одигра реми во Кратово против Силекс и остана на второто место. 

„За нас за жал заврши сезоната како што е. Дадовме максимум труд и срце на терен.Фудбалот носи среќа и фудбалот понекогаш е суров.За жал она што се случуваше оваа сезона во Втората лига - Запад е незапамтено.Сакам да потенцирам дека однапред се знаеше се ! И за крај денес во Кратово умре Македонскиот фудбал и фудбалската игра. Силекс Кратово Господ е голем !! Вардар бил и ќе биде најдобар клуб во Македонија“, напиша Гачевски на својот фејсбук профил.

Фото: ФК Вардар


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.