24фудбал

Вардар остана во втора лига, Воска и Беласица одат во бараж

Силекс не му помогна на Вардар, одигра 1-1 против Воска, па пирова беше победата на црвено-црните кај Кораби од 2-1, Беласица со 3-1 го победи Кожув во Гевгелија и го завери второто место пред Слога Виница.

Македонија

На Вардар му беше потребна победа кај Кораби, но и Силекс да ја победи Воска. Црвено-црните си го направија своето, триумфираа со 2-1, но кратовскиот тим немаше мотивација за победа, мечот против Воска заврши 1-1.

Воска избори историски пласман во баражот за влез во Прва лига, а Вардар и во следната сезона ќе биде второлигаш, овојпат во единствената Втора лига која ќе брои 16 екипи.

Од источната втора лига, Беласица ќе игра во баражот откако со 3-1 го совладаа Кожув во Гевгелија.

Конкурент на струмичани беше Слога Виница која загуби од Победа на свој терен со 2-1.

Денеска беше и црн ден за Кочани кои и по победата на Братство испаѓа во третата лига откако Пехчево го доби својот меч против Локомотива.

ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД

Кораб – Вардар 1-2, Силекс – Воска 1-1, Охрид – Тетекс 2-0, Велешта – Гостивар 1-2, Беса – Кадино 7-2

ТАБЕЛА: Силекс 66 (Прва лига), Воска спорт 59 (бараж), Вардар 58, Гостивар 37, Тетекс 36, Беса 32, Охрид 32, Кораб 27 (испаднат), Велешта 18 (испаднат), Кадино 7 (испаднат).

ВТОРА ЛИГА – ИСТОК

Братство Ж. - Осогово 1-4, Детонит јуниор - Каменица Саса 2-1, Кожув – Беласица 1-3, Слога Виница – Победа 1-2, Пехчево – Локомотива Г. 3-0

ТАБЕЛА: Победа 62 (Прва лига), Беласица 59 (бараж), Слога Виница 55, Каменица Саса 46, Кожув 37, Детонит јуниор 34, Пехчево 33, Осогово 31 (испаднат), Братство Ж. 15 (испаднат), Локомотива Г. 7 (испаднат).


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.