24фудбал

Мурињо: Уморени сме веќе да гледаме како судиите ги суспендираат по нашите натпревари

Пред денешниот натпревар со Венеција, Жозе Мурињо уште еднаш се пожали на судиските одлуки на штета на неговиот тим.

Италија

Во неколку пати судиите и ВАР судиите беа суспендирани по грешки на штета на Рома оваа сезона. Мурињо го истакна тој момент велејќи дека тоа е признавање на грешките, но никој нема да им ги врати бодовите.

„Уморни сме од тоа ВАР судиите да бидат казнувани и суспендирани по грешките кои ги прават против нас“, вели Мурињо.

„Суспензиите кои ги добиваат значи признавање на грешките, но кој ќе ни ги врати нас бодовите“.

Рома вечерва игра против Венеција, ова е исклучително важен меч за тимот на Мурињо кој цели на петтата или шесттата позиција кои водат во Лига Европа.

„Сакаме да завршиме петти или шестти, позициите на кои сме цела сезона. Не верувам дека ќе ни недостасува концентрација поради пласманот во финалето од Лига Европа“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.