24фудбал

Роналдо му испрати порака на Манчестер јунајтед и што треба да направат со Тен Хаг

Кристијано Роналдо вели дека Манчестер јунајтед мора да му даде време на Ерик тен Хаг и работите да се променат според замислите на стратегот.

Англија

Ерик тен Хак ќе седне на жешкото столче на Олд Трафорд и ќе треба да го врати клубот на славните патеки.

Кристијано Роналдо сега даде свое видување и му порача на Манчестер јунајтед дека мора да му даде време на страгатеот. ЦР7 исто така смета дека работите мора да се променат според замислите на Холанѓанецот.

„Знам дека заврши фантастична работа во Ајакс, дека се работи за искусен тренер. Но мораме да му дадеме време. Работите мора да се променат според неговите замисли“ – вели Кристијано Роналдо, за кого често се пишува дека не се вклопува во замислите на Ерик тен Хак и ќе треба да си побара нов клуб.

„Се надевам дека ќе донесе успех, му посакувам се најдобро. Сите сме среќни и возбудени, не само ние играчите, туки и навивачите“.

„Верувам дека следната сезона ќе освоиме трофеи“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.