24фудбал

Тотнем го доби дербито на Северен Лондон и се врати во трка за ЛШ (ВИДЕО)

Тотнем со 3-0 го победи Арсенал во големото дерби на Северен Лондон и си ги направи реални шансите за пласман на четвртото место.

Англија

Арсенал доколку го добиеше овој меч уште вечерва можеше да го завери пласманот во Лигата на шампионите, им одговараше и реми, но ниту тоа не се случи.

Резултатот беше отворен во 22. минута кога Хари Кејн постигна гол за водство на Тотнем од 1-0.

Следуваа два брзи жолти картони на Холдинг, па Арсенал во 33. минута остана со фудбалер помалку.

Четири минути подоцна Кејн даде уште еден гол за водство од 2-0, а на почетокот од вториот дел Сон ги постави конечните 3-0.

Арсенал остана на четвртата позиција, но сега има само еден бод предност пред Тотнем и потешки мечеви во последните две кола.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.