24фудбал

Ерлинг Халанд уште не потпишал за Сити а се подготвува терен за нов трансфер!

Според пишувањата на Билд, Ерлинг Халанд ќе има откупна клаузула во договорот со Манчестер Сити, Норвежанецот ќе може да замине по две одработени сезони а сумата потребна за активирање на клаузулата е 150 милиони евра.

Англија

На почетокот од оваа недела Манчестер Сити соопшти дека има договор со Борусија Дортмунд за ангажман на Ерлинг Халанд. 

„Граѓаните“ треба уште да ги испеглаат деталите со напаѓачот и да го потврдат трансферот кога ќе почне преодниот рок на 1. јули.

И покрај тоа што Ерлинг Халанд oфицијално уште не потпишал за Манчестер Сити, се подготвува терен за нов трансфер.

Како што пренесува Билд, Норвежанецот ќе добие откупна клаузула која ќе се активира по две одработени сезони. Слободата на Ерлинг Халанд ќе чини 150 милиони евра, сума која клуб како Реал Мадрид сигурно ќе може да си ја дозволи.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.