24фудбал

Милан уште во недела може да го освои Скудетото

Сезоната во италијанскиот фудбал се ближи до самиот крај, денеска се игра финалето од купот, а во недела може да го добиеме и шампионот во Серија А.

Италија

Денеска на стадионот Олимпико во Рим, Јувентус и Интер ќе се борат за трофејот од Купот на Италија. Натпреварот почнува од 21:00 часот.

А во Серија А остануваат уште две кола, Милан е на врвот со 80 бодови, Интер има 78, тоа значи дека шампионот може да биде познат уште во недела.

Тој ден Милан од 18 часот ја пречекува Аталанта и доколку победи, ќе треба да се надева дека Каљари нема да загуби од Интер.

Каљари и Интер играат во недела од 20:45 часот, на домаќините им гори под нозе, водат жестока битка за опстанок, но нероазурите ќе бидат сериозен фаворит во овој дуел. 

Сепак доколку Милан победи, а Интер не го направи тоа, шампионот на Италија ќе го имаме уште во недела.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.