24фудбал

Клоп: Халанд во Сити само ќе треба да стои на втората статива и ќе се „утепа“ од давање голови

Јирген Клоп вели дека Ерлинг Халанд е одлично засилување за Манчестер Сити и предвидува дека напаѓачот ќе постигне многу лесни голови благодарејќи на стилот на игра кој го негуваат „граѓаните“.

Англија

Манчестер Сити вчера го потврди ангажманот на Ерлинг Халанд, „граѓаните“ завршија одлична работа на трансфер пазарот и за само 60 милиони евра стигнаа до перспективниот напаѓач пред Реал Мадрид, Барселона и Баерн Минхен.

По победата над Астон Вила, Јирген Клоп даде свое видување за зделката, тренерот на Ливерпул предвидува дека напаѓачот ќе постигне многу лесни голови благодарејќи на стилот на игра кој го негува Пеп Гвардиола.

„Тој е навистина добар фудбалер но Сити никогаш не бил, и нема да биде тим кој победува благодарејќи на еден фудбалер. Тие имаат одреден стил на игра“ – вели Германецот.

„Ерлинг за кратко време ќе разбере дека ќе се „утепа“ од давање голови само со стоење на втората статива, каде ќе треба само да пружи нога. Ќе ужива во ова“.

„Халанд е ѕвер. Да, беше повреден неколку пати во Борусија Дортмунд, но кога е фит, тој е прав ѕвер“.

„За жал, ова е навистина добро засилување за Сити“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.