24фудбал

Вацке: Борусија Дортмунд игра фудбал 113 години, од нив 111 сме играле без Халанд

Извршниот директор на Борусија Дортмунд, Ханс-Јоким Вацке ја прокоментира ситуацијата во својот клуб и заминувањето на Ерлинг Халанд кое треба да се случи наскоро.

Германија

Вацке уште еднаш објасни како функционира Борусија Дортмунд, тешко може да се бори со најбогатите клубови кога треба да задржи играч, но секогаш наоѓа нови играчи благодарение на одличниот скаутинг.

„За нас патот секогаш е ист. Кога играчот игра добро, секогаш мораме да се бориме против исклучително големи клубови чии сопственици се разни олигарси и арпаски држави за да ги задржиме“, изјави Вацке за „Си-Ен-Ен“.

„Ова е борба која не можеме да ја добиеме. Но можеме да ја добиеме борбата за 18-годишниот Белингем бидејќи тоа е играч кој сака да игра за нас, кој ужива да игра пред навивачите на Борусија и кое е свесен дека клубот знае да работи со млади фудбалери“.

„Ова е наш начин, имаме луѓе кои се фантастични во скаутирање на млади играчи на дневно ниво. Но, исто така е важно дека кога сте играч во нашиот клуб ги имате сите услови за развој и мислам дека тоа во најголемиот број на случаи успева“.

„Разделбата некогаш е поемотивна, некогаш не. Ми беше многу тешко кога во 2016 година Матс Хумелс рече дека си оди по седум или осум години, бидејќи беше долго тука развивме посебен однос. Но некогаш играчите кај нас остануваат година, две или три и за тоа време не се создава подлабок емотивен однос, тоа е нормално. Играчите доаѓаат и си одат“.

„Некогаш некои заминувања се добра работа од бизнис гледна точка, некогаш не. Пример добар бизнис направивме кога го продадовме Усман Дембеле на Барселона по краток период откако дојде. Но кога Роберт Левандовски си замине беспари, тоа не беше добар бизнис. Но, таков е фудбалот“.

„Кога зборуваме за Халанд, тоа е негова одлука. Знаете дека тој има откупна клаузула и тој одлучува дали ќе си оди или не. Ние играме фудбал веќе 113 години, а 111 сме играле без Ерлинг Халанд. Го имавме Левандовски кој си замина во 2014 година, но игравме и во годините после него. Па дојде Пјер Емерик Обамејанг, сега Халанд“.

„Можете да бидете 100 проценти сигурно во една работа, ако Халанд одлучи да си оди, ние ќе најдеме друг играч. Ќе преживееме“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.