24фудбал

Дејвид Мојс се исклучи, шутна топка во дете кое собира топки и доби директен црвен картон (ВИДЕО)

Тренерот на Вест Хем, Дејвид Мојс беше видно нервозен на синоќешниот натпревар против Ајнтрахт, но со неговата реакција отиде предалеку, за среќа промаши.

Лига Европа

Работите за Вест Хем синоќа не се одвиваа како што посакуваше Мојс, па неговата фрустрација беше огромна. Ајнтрахт победи со 1-0 и со вкупни 3-1 се пласираше во финалето од Лига Европа.

Во еден момент, едно од децата кои ги собираат топките, наместо да му ја подаде во рака на Мојс, ја фрли пред него. Тоа го изнервира стратегот на Вест Хем кој ја шутна топката во момчето, за среќа не го погоди, но доби црвен картон.

По натпреварот Мојс се извини, но и со доза на иронија рече дека топката убаво му дошла за волеј.

„Се извинувам што ја шутнав топката. Детето кое собира топки ја фрли кратко, баш за на волеј за мене. Се извинувам поради тоа. Не го погодив. Мислам дека отиде над него“, изјави Мојс по мечот.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.