24фудбал

Пресврт, судот ја прифати жалбата на УЕФА: Јувентус, Реал Мадрид и Барселона можат да бидат казнети

Судот во Мадрид ја прифати жалбата на УЕФА по што Барселона, Јувентус и Реал Мадрид може да бидат санкционирани за формирање на Суперлигата.

Лига на Шампиони

Првичната одлука на судот во Мадрид беше во полза на трите фудбалски гиганти, па УЕФА не можеше да ги санкционира за нивните постапки, но поднесе жалба на одлуката.

Жалбата на УЕФА помина и таа ќе има можност да ги примени казните поради тоа што Јувентус, Барселона и Реал Мадрид останаа со намера да формираат нови натпреварување.

Санциите кои ги планираше УЕФА се исфрлање од Европските натпреварувања кои се под нејзина капа, но се споменуваа и парични казни до 100 милиони евра.

Сепак ова не значи дека овие три клуба ќе бидат казнети, УЕФА дополнително ќе треба да одлучи дали ќе примени санкции или само ќе ги предупреди клубовите.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.