24фудбал

Фердинанд: Лука, Мука како и да се викаш... тоа што го направи е нелегално!

Рио Фердинанд откри дека го изгубил гласот кога Родриго погодил по феноменалната асистенција на Лука Модриќ, вели дека додавањето на Хрватот е толку добро што треба да биде забрането.

Лига на Шампиони

Реал Мадрид успеа да се спаси од елиминација во пресметката со Челси во Лигата на шампионите, откако „сините“ режираа голем кам-бек и водеа со 0-3 на Сантијаго Бернабеу.

Но на десетина минути пред крајот, Лука Модрид со надворешно ефе мајсторски му асистираше на Родриго за 1-3 и ги врати „кралевите“ во живот, кои во продолжението со голот на Бензема обезбедија полуфинале.

Рио Фердинанд, кој мечот го работеше како стручен коментатор за БТ Спорт, останал без глас по феноменалната асистенција.

„Останав без глас по додавањето на Модриќ! Тоа што го направи е нелегално! Врескав, Лука, Мука, како и да се вика. Феноменално!“ - рече легендата на Манчестер јунајтед и Англија.

Стив Мекманаман, кој исто така беше во студиото, додаде: „Додавањето на Модриќ можете да го гледате цел ден. Погледнете што направи, навистина, погледнете. Можете слободно да заборавите на голот!“

Џок Кол се надворза: „Прекрасно додавање, кога имате квалитетни играчи во тимот, ова се случува“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.